Младиот Холанѓанец, Макс Верстапен од тимот на „Ред бул“, запиша втора победа оваа сезона, а седма во кариерата, освојувајќи ја годинашната Голема награда на Германија.

Холанѓанецот извози 64 круга на патеката Хокенхајм со време час 44 минути 31 секунда и 275 стотинкиВторото место му припанда на Германецот Себастијан Ветел од Ферари, кој направи голем пресврт, односно до второто место стигна откако стартуваше последен. Третото место му припадна на Русинот, Квјат Даниил од „Торо Росо“.

Луис Хамилтон остана без бодови на оваа трка, која ја заврши на 11. место, но сепак останува на чело на Генералниот пласман со 39 бодови повеќе од второпласираниот Ботас кој пак излета од стазата. 

Верстапен со овој триумф ја ублажи меѓусебната бодовна разлика со лидерот на табелата Хамилтон на 72 бода. 

Следната трка се вози на 4 август во Хунгароринг.