Возбудата околу трансферот на Матаис Де Лихт од Ајакс во Јувентус наскоро ќе се претворат во вистинска хистерија, ако се суди според одличниот пречек што холандскиот репрезентативец го доби од клупските фанови при денешната појава за задолжителните медицински тестови.
Деветнаесет годишниот дефанзивец синоќа слета во Торино и се очекува до крајот на денот официјално да стане фудбалер на „бјанконерите“. Според непотврдени информации, договорот помеѓу клубовите ќе биде вреден 75 милиони евра.
Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс веќе потврди пред холандскиот печат дека се чекаат само банкарските гаранции за се да биде подготвено на ниво клуб-клуб.
Comments are closed for this post.