Во Залбах се одржува Светското првенство во алпско скијање. Меѓу светскиот врв се наоаѓа и името на Лаура Колути. Таа е Италијанка но настапува за Албанија.Лаура нема никакви албански корени, има 19 години и поради големата конкуренција во својата земја решила да настапува под знамето на соседот.

Денеска на ски патеките

Федерика Брињоне го освои златниот медал во денешниот велеслалом на Светското првенство во Залбах (Австрија). Двете трки италијанската алпска скијачка ги заврши со вкупно време 2 минути, 22 секунди и 61 стотинка.

Ова е прво злато за Брињоне во велеслалом. Таа стана втора Италијанка со најсјајно одличје на мундијалските велеслаломски трки.

Алси Робинсон од Нов Зеланд го освои второто место и сребрениот медал со 90 стотинки заостанување зад победничката.

Како третопласирана велеслаломот го заврши Пола Молцан од САД со време 2:25.33 минути.

Утре на програмата е машкиот велеслалом.