Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон. Тој во спектакуларен меч кој траеше пет часа го победи Роже Федерер во пет сета. По првиот изедначен сет кој го доби Ноле, следуваше втор во кој Швајцарецот доминираше со 6-1.

Во третиот сет повторно следеме тај брејк додека во четвртиот Роже беше поуспешен со 6-4. Во петиот решавачки сет се играше до 12-12 и за прв пат се примени правилото на тај-брејк.

Ова беше беспоштедна борба во која двајцата тенисери ги вложија сите сили и треба да им се честита. Ова е петта титула на Србинот на Вимблдон по што уште поцврсто ќе застане на првото место на АТП листата.