Познато е дека Кенија ги има најдобрите атлетичари.Нивна специјалност се маратонските трки. Кенијците имаат неколку репрезентации и здружено ги напаѓаат маратоните ширум светот, а чести гости се и на скопскиот.
Но, за маратонците од Кенија постои и друга приказна а тоа е дека често се фалсификуваат личните податоци на атлетичарите.
Таков сомнеж има за Едвард Закајо Пингва кој победи на Дијамантската лига во Мароко. Тоа не би било ништо чудна ако не се знае дека тој официјално има само 17 години.Познавачите на спортската медицина се сомневаат дека тој е роден во 2001 година и оти има лажни податоци дека е постар барем неколку години.
Comments are closed for this post.