Пред ракометниот Фајнл фор турнир што се игра денеска и утре во Келн европската ракометна федерација го објави најдобриот тим од досегашниот тек на Лигата на шампионите. Ова последно рангирање на најдобрата седморка е направено со гласовите добиени од навивачите, претставници на медиумите и од ракометни експерти, а во него има место за дури четворица ракометари на Вардар.
Дејан Милосављев е најдобар голман, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ се на крилните позиции, а Даинис Криштопанс најдобар десен бек. Во овој идеален тим има место и за левиот бек Микел Хансен од ПСЖ, централниот Кентин Махе од Веспрем и пивотот Хулен Агинагалде од Кјелце, а успехот на Вардар го зголемува тоа што Роберто Парондо е прогласен за најдобар тренер во Лигата на шампионите.
Ќе видиме дали идеалниот тим ќе има сличен изглед и по завршувањето на Фајнл фор турнирот, но ваквиот избор најавува дека голем број ракометни фанови имаат верба дека Вардар има потенцијал да игра важна улога во Келн.
Comments are closed for this post.