Репрезентациите на Грузија и на Чешка одиграа нерешено 1:1 попладнево во Хамбург, во натпревар од 2. коло во Ф-групата.
Избраниците на селекторот Вили Сањол го отворија резултатот од пенал преку Жорж Микаутадзе во 45+4 минута.
Во вториот дел чешкиот репрезентативен напаѓач Патрик Шик го израмни резултатот.
Грузија и Чешка имаат освоено по 1 бод по два натпревари на ЕП 2024 и за пласман во осминафиналето ќе бркаат победа во последното коло од групната фаза.
Од 18 часот играат Португалија и Турција по што ќе биде комплетирано 2. коло во оваа група.
На 26 јуни Грузија игра со Португалија, Чешка истиот ден ќе се сретне со Турција
Comments are closed for this post.