Роман Абрамович може да го продаде Челзи на најбогатиот Британец, објави „Тајмс”. Рускиот бизнисмен ги купи лондонските „сини“ во 2003 за 160 милиони евра, а сега ги продава за три милијарди евра.
Додека англиската јавност делумно се радува, посебно што потенциајален купувач е Англичанец, навивачите на Челзи не се претерано среќни. Проблемот е што бизнисменот Џим Ретклиф, чие богатство е проценето на 24,5 милијарди евра, роден е во Манчестер и е познат како голем фан на Јунајтед.
Основачот на хемиската компанија „Инеос“ веќе го купи велосипедскиот клуб „Скај”, а следната намера му е да го преземе премиерлигашот.
Comments are closed for this post.