Она што Бугарите го најавија брзо се обидоа да го претворат во дела. Најавата дека ќе се формира бугарски клуб Вардар отиде уште подалеку и пострашно. Бугарските инсталции во Македонија наместо да прават свој производ кој би го нослел името на нашиот најтрофеен клуб се обидоа да го купат оригиналниот. Па така,  бугарската фондација „Македонија“  на контроверзниот Виктор Стојанов  испрати официјална понуда за купување акции во Вардар, поточно  51-отсто од акциите со што би станале доминантни сопственици.

За среќа Комитите кои се сега сопственици на Вардар брзо видоа за што се работи и ја одбија понудата.

 

„До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација ‘Македонија’, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА“, се вели меѓу другото во соопштението на Комити.

Навивачите на Вардар  ги повикаа сите Македонци да купат членска карта на клубот со што ќе помогнат тој финансиски да се консолидира, со што би застанале во одбрана на македонската спортска светост.