Бугарската пропаганда во Македонија не запира. По присвојувањето на Илинденското востание и Свети Кирил и Методиј, сега на ред дојде и спортот.

Бугарската фондација на контроверзниот Виктор Стојанов најави дека ќе регистрираат бугарски фудбалски клуб наречен ФК Вардар – бугарски, како македонскиот најтрофеен и најпознат клуб.

Тие веќе се пофалија со логото на клубот кое е исто како на Вардар но со бугарското знаме. Уште бараат и финансиски средства и клуб кој ќе го земат и ќе почнат со играње во третата или четвртата лига.