Клубовите од Премиер лигата ќе бидат обврзани да обезбедат најмалку половина од првиот тим на играчи да бидат домашни фудбалери е планот изнесен од Фудбалската асоцијација на Англија поради излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Предлогот, екипите да им биде дозволено во тимот од 25 играчи 12 да бидат странци, ќе биде доставен до 20-те клубови оваа недела.
Според Тајмс, ФА ќе изврши притисок врз Премиер лигата за да ја принуди да ги прифати овие услови. Во спротивно, барањата за играчи од земји кои не се членки на ЕУ во врска со постапката за добивање на работна дозвола може да се прошират и на фудбалерите на ЕУ.
Во моментов клубовите кои се натпреваруваат во Премиер лигата може да имаат 17 странци на списокот од 25 играчи.
Comments are closed for this post.