Славниот актер Бред Пит привлече големо внимание на Вимблдон. Фоторепортерите се обидуваа да го „фатат“ од сите можни агли, дури и додека грицкаше чипс, но и навиваше.

Прашањето кое остана неодговорено во текот на целиот натпревар беше – за кого навива Бред? Одговорот е Новак Ѓоковиќ.

Холувудскиот шармер е голем фан на Ноле и не пропушти да го гледа во живо.