Репрезентативецот на Хрватска, Стипе Мандалиниќ е нов член на Еурофарм Пелистер, соопштија од клубот. 27-годишниот лев бек потпиша договор на две сезони.

Поранешниот играч на ППД Загреб во минатата сезона настапуваше за Фуксе Берлин.

– Добро вечер Битола, добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер, здраво за „Чкембарите“. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Еурофарм Пелистер, се гледаме наскоро и тргнуваме кон освојување на титулата, изјави Стипе Мандалиниќ во видео порака од Загреб.

Хрватскиот репрезентативец ги носеше и дресовите на Карловац и Сплит.

Мандалиниќ е четврто засилување на клубот од Битола по Периќ, Кушан и Танкоски