Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер e изненаден од притворањето на поранешниот шеф на УЕФА, Мишел Платини, во случајот за корупција кога Катар доби право да биде домаќин на Светското првенство во 2022 година.
Швајцарецот смета дека овој случај е затворен уште од 2016 година.
„Да бидам искрен, ова предизвика големо изненадување кај мене. Изненаден сум од продолжувањето на истрагата, која ја сметав за комплетна. Сè уште верувам дека разговорот на Платини со Никола Саркози и емирот на Катар нема врска со корупција“, изјави Блатер.
За потсетување, Платини беше ослободен од полицијата минатата ноќ откако тој одговори на прашања од обвинителите, а во официјалното соопштене од неговиот адвокат беше речено дека „не станува збор за никаков притвор, туку за обично сослушување на сведок на инсистирање на луѓето кои ја водат истрагата“.
Comments are closed for this post.