Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за повредата на напаѓачот Герет Бејл во 1/16 финалниот натпревар од Купот на Шпанија со Унионистас (3:1).
Велшанецот беше заменет во 53. минута.
– Тој има мала повреда на глуждот. Мислам дека ништо сериозно. По лекарските прегледи ќе дознаеме точно за што се работи. Тој не можеше да ја продолжи играта, истакна Зидан.
Триесет годишниот Бејл постигна гол на овој натпревар, негов прв од септември мината година. Оваа сезона Бејл има одиграно 15 натпревари за Реал Мадрид и постигна три гола плус две асистенции
Comments are closed for this post.