Крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл сака да продолжи да го носи белиот дрес. Велшкиот репрезентативец преку својот агент ја соопштил намерата на раководството на шпанскиот гигант, соопштува „Ла Секста“.
Со враќањето на Зинедин Зидан на чело на Реал Мадрид стана јасно дека напаѓачот нема да има голема улога во тимот, поради заладените односи помеѓу тренерот и играчот.
Во медиумите постојано се појавуваа информации дека раководството одлучило да се раздели со Герет Бејл во текот на летото.
Напаѓачот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Тотенхем во 2013 година за 101 милиони евра. Неговиот договор е до јуни 2022 година.
Comments are closed for this post.