Екипата на Оклахома Сити Тандер го намали заостанувањето во четвртфиналната серија од Западната конференција со Портланд Трејлблезерс на 1-2, откако годоби првиот дуел на домашен терен со 120:108.

Оклахома ги загуби и двете гостувања во Портланд и мораше да брка задолжителна победа во натпреварот број три од серијата, за да ги задржи шансите за продолжување напред, а „громовите“ се справија со тензиите и ја израдуваа публиката во „Чесапик Енерџи Арена“. По спорната прва четвртина, домаќините ја презедоа контролата на настаните во вториот дел и поведоа со 10 поени на паузата. И покрај тоа што дозволија израмнување на почетокот на последниот дел, тие успеаја да постигнат успех со разлика од 12 поени.

Над сите беше ѕвездата на домаќинот, Расел Вестбрук, кој постигна 33 поени, 11 асистенции и 5 скокови. Пол Џорџ додаде 22 поени, 6 асистенции и 6 скокови, а Денис Шредер постигна 17 поени од клупата. За Портланд најпрецизен беше Демиан Лилард со 32 поени, Си Џеј МекКалам додаде 21, а центарот Енис Кантер реализира 19 поени, но клупата на Трејлблејзерс беше неефикасна и придонесе само со 20 поени.

Четвртиот натпревар од серијата се игра повторно во Оклахома за два дена.

Резултати од НБА плејофот

Источна конференција:

Орландо – Торонто 93:98 (Торонто води со 2:1 во серијата)

Индијана – Бостон 96:104 (Бостон води со 3:0 во серијата)

Западна конференција:

Оклахома Сити – Портланд 120:108 (Портланд води со 2:1 во серијата)