Навивачите на Динамо се главна вест во регионот откако предизвикаа нереди во Атина и усмртија еден навивач на АЕК. Името на оваа група е „Bad Blue Boys“. Основани се на 17 март 1986 година. Ппознати по нивната фанатична поддршка за клубот, гласното навивање и немирите на навивачите.
Како гласни противници на тогашниот комунистички режим и беа обвинети за хрватски национализам. Меѓуетничките тензии во поранешна СФРЈ го достигнаа својот врв на стадионите на неодиграниот натпревар меѓу Динамо и Црвена звезда на 13 мај 1990 година, кој го одбележа конфликтот меѓу навивачите на БББ и Црвена звезда и тогашната милиција кој се смета за крајот на Југославија.
Многу навивачи на Динамо веруваат дека Татковинската војна почнала тој ден на Максимир.
Comments are closed for this post.