Во седиштетео на УЕФА во Нион, денес се одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Најмногу внимание привлекува дуелот на шпанскиот и францускиот фудбалски гиганти Барселона и Пари Сен-Жермен.

Двојките се:
Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити
Лацио – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Челзи
Лајпциг – Ливерпул
Порто – Јувентус
Барселона – ПСЖ
Севиља – Борусија Дортмунд
Аталанта – Реал Мадрид.

Првите натпревари од 1/8 финалето се закажани за 16, 17, 23 и 24 февруари, реваншите на 9, 10, 16 и 17 март.