Македонските фудбалски репрезентативци Енис Барди и Елиф Елмас имаа синоќа забележителни настапи за своите тимови во шпанското и италијанското првенство.

Во рамки на 11. коло во шпанската Ла Лига, екипата на Леванте одигра нерешено 2-2 против актуелниот шампион Атлетико Мадрид, а двоен стрелец за домашната екипа беше Барди.

Македонскиот репрезентативец прво во 37. минута го израмни резултатот на 1-1 со прецизен удар од белата точка, а на идентичен начин во 90. минута Барди му донесе бод на својот тим против фаворитот.

Леванте се уште е без победа во новата сезона и со ефект од шест нерешени и пет порази е последнопласиран на табелата