Љубителите на фудбалот го паметат бразилецот Роналдињо како ги решеташе мрежина во дресот на Барселона. Тој пред неколку години се прости од активното играње и се префрли на бизнис.
Со неговиот брат градеа стамбени објекти но работата не им одеше според планираното и тој изуби голем дел од парите. При тоа затаиле данок во висина од два милиони долари и сега против нив се води судска постапка.
Долговите го принудија фудбалерот да се врати на активното играње фудбал иако има 39 години. Тој потпиша за колумбискиот клуб Индипендиенте Санта Фе и првиот меч е закажан за 17 отомври.
За дебито на Роналдињо владее голем интерес иако прашање е како ќе замине во Колумбија бидејќи му е одземен пасошот.
Comments are closed for this post.