Спектакуларен ракомет одиграа синоќа Шведска и Норвешка. Брзи напади, борба за секоја топка, тензии и на крајот солзи. Скандинавците како да играа фудбал а не ракомет. Шведските ракометари се доказ дека ништо не е невозможно па дури и кога губиш 59 минути. На крај победа 24-23.

Швеѓаните влегоја  во полуфиналето како второпласирани. Ривалите ќе ги дознаат денеска бидејќи уште не се знае кој ќе и се приклучи на Данска од Групата 1.