Неверојатна ситуација се случи на пријателскиот фудбалски натпревар во Босна и Херцеговина меѓу Лубушки и Сараево

 

Додека го играле натпреварот недалеку од стадионот се слушнале истрели на криминалци кои се пресметувале во тој момент.

Натпреварот во тој момент не бил прекинат, но ситуацијата била крајно опасна, јавуваат порталите од БиХ. Според првите информации, уапсени се шест лица, а има и повредени. Припадниците на МВР од двата кантона реагираа за што поскоро прекинување на нередите.