Ајакс не се шегува. Вечерва совладан е и Тотенхем среде Лондон 0-1. Со тоа „децата“ од Амстердам се на прагот на финале од Лигата на шампионите иако натпреварувањето го почнаа од квалификациите.

Иако Ајакс не ја повтори играта од мечот со Манчестер Сити сепак и ова беше доволно да се совлада ослабениот Тотенхем без првата ѕвезда Кејн.

Реваншот се игра следната недела и доколку Ајакс излезе како подобар во финалето ќе игра со победникот од двомечот Барселона-Ливерпул