За првпат во историјата играч од Косово потпиша за славниот Реал Мадрид. На Сантијаго Бернабе пристигнува Косоваре Аслани и таа ќе настапува за женскиот тим на „Кралевите“ наречени „Феменино“.
Аслани ќе почне да настапува од сезоната 2020/21 година и игра во средниот ред. Беше ѕвезда на последното светско првенство за репрезентацијата на Шведска. Косоваре има 29 години и по потекло е од Косово. Досега настапуваше за Парис Сен Жермен и за Манчестер сити.
Аслани при потпишувањето на договорот изјави оти е горда Косовска која ќе настапува за така голем клуб. Косоваре на ногата гордо го носи двоглавиот орел кој го означува нејзиното потекло.
Родителите на Аслани се Албанци од Косово кои емигрирле во Шведска во 1988 година кога се родила Косоваре.
Comments are closed for this post.