Челзи продолжува без победа под водство на Френк Лампард, откако одигра 1-1 на домашен терен против Лестер.

Лондонскиот тим одигра многу добро прво полувреме, поведе со 1-0 по гол на Мејсон Маунт.

По паузата, сепак, Вилфред Ндиди израмни, а потоа „лисиците“ ги испуштија трите поени откако Џејмс Медисон и Цејми Варди пропуштија чисти шанси.

Така, по двата натпревари во Премиер лигата, Челзи го освои својот прв бод, додека Лестер стигна до своето второ реми.

Во првиот меч за денот, Шефилд Јунајтед го совлада Кристал Палас со 1-0 со голот на Лундстрам во 47-та минута.