Фудбалерите на Арсенал издвојуваа победа над Манчестер Јунајтед од 2-0 во дербито на колото во англиската Премиер лига.

„Топчиите“ ги искористија своите шанси на „Емирејтс“ и дојдоа до многу значаен триумф во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите, односно со денешото славје го преземаа четвртото место на табелата. По еден погодок падна во двете полувремиња, прво во 12 минута Џака од далечина го совлада Де Хеа, додека пак во 69 минута Обамејанг го искористи пеналот кој го досуди судијата Мос.

Ова за четата на Емери беше прв сезонски триумф во пресметките со „црвените ѓаволи“, во првата на  „Олд Трафорд“ ремизираа 2-2, втората ја загубија во рамките на ФА Купот за да сега конечно ја почуствуваат победата на своја кожа.

Сити со 74 и Ливерпул со 73 бода се далеку пред сите и ќе водат борба за титулата, додека за четвртото место во игра се Тотенхем (61), Арсенал (60), Јунајтед (58) и Челси (57) кој има еден заостанат меч со Брајтон.