Луксузен апартман на стадионот „Лусаил“ е продаден за речиси 2,5 милиони евра. Апартманот може да биде домаќин на 44 луѓе, и таму ќе се игра финалето на Светското првенство во Катар.
Приватни апартмани ќе бидат достапни на сите стадиони каде се играат натпреварите од Светското првенство и ќе нудат беспрекорна услуга. Пребирливата клиентела сака само најдобро, ништо помалку од пет ѕвезди, најдобра храна, вина, пред, за време и по игрите… а домаќинот ќе им приреди задоволство кое никогаш нема да го заборават, иако ќе го платат убаво.
Lusail Stadium Suite го нуди најдоброто од најдоброто за најбогатите фудбалски фанови или само оние кои сакаат да бидат видени во Катар и можат да си го дозволат тоа. Апартманот го има најдоброто седиште на стадионот и е олицетворение на гостопримството бидејќи сè пука од луксуз и раскошен декор.
– Ова е најлуксузниот комерцијален салон на Мундијалот – велат домаќините.
Comments are closed for this post.