За фудбалските умешности и кариера на Лионел Меси познато е практично се, но во јавноста нема толку многу детали за приватниот живот на аргентинската фудбалска ѕвезда.

Познато е дека Меси е во брак со Антонела Рокузо со која има три деца, но многумина не знаат дека Меси и Антонела се заедно, односно се познаваат, уште од деца.

На социјалните мрежи се појави фотографија, направена во 1998 година, снимена на плажа во Мар де Плата. На фотографијата се гледаат Меси и Антонела, коишто тогаш имаат по 10 години, како поминуваат време со група свои другари. Таа врска од детството на Лионел и Антонела подоцна прерасна во љубов и заеднички живот.