Селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на играчи за претстојните натпревари од Лигата на Нации против Лихтенштајн на 13 Октомври во Скопје и против Ерменија на 16 Октомври во Ереван. Најголемиот дел од составот останува ист со исклулок на средината на теренот каде се враќаат Адеми и Хасани. Неизвесен е Дарко Велковски кој има повреда на задната ложа. Ангеловски очекува македонската фудбалска репрезентација да ја продолжи победничката низа и со допадлива игра.

Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму кадешто застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подоброи ако запишеме нови три бода со допадлива игра. Дарко Велковски е единствениот играч под знак прашалник, во бутниот мускул. Тој ќе биде подложен на детални прегледи во наредните часови, изјави Ангеловски