Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром дополнително го засили ростерот за новата сезона, откако денеска беа ангажирани Американецот Џабари Хиндс (27 год, 181 см) и Хрватот Марин Морнар (26 год, 205 см).
Хиндс, кој игра на двете бековски позиции, доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска настапувајќи за екипата на Кросно, во која на 30 средби просечно реализирал 21,7 поен заедно со 5,1 асистенција и 2,8 скока.
Морнар, пак, кој игра на позицијата крилен центар, без разлика што е роден во Загреб, нема настапувано за тим од Хрватска, а првите сериозни кошаркарски чекори ги прави во дресот на Универзитетот Лајола Меримаунт за кој настапува во периодот од 2012 и 2016 година. Најдобар учинок имал во претпоследната сезона во овој тим од НЦАА-лигата кога просечно реализирал 9,9 поени со 5,3 скока.
Претходно, за МЗТ Скопје Аеродром потпиша кенискиот интернационалец Нуни Омот. Во тимот се и шестмината репрезентативци, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски, заедно со пет помлади кошаркари: Иван Волкановски, Ранко Мамузиќ, Леонид Тодоровски, Бојан Стојановски и Љубиша Димитровски.
Comments are closed for this post.