Фудбалските навивачи на Алжир се во транс откако нивната репрезентација се пласираше во финалето на Африканскиот куп, а прославата во Париз, Лион и во Марсеј синоќа се претвори во насилство. Уапсени се околу 300 лица, а во интервенциите полицијата употребила и солзавец за да воспостави јавен ред.
Фудбалерите на Алжир со победа од 2:1 против Нигерија се пласираа во финалето и сега во големото финале во петок ќе игра против Сенегал.
Како и да е, големиот успех на фудбалерите навивачите го прославија со качување по автомобили, по објекти, го нарушија сообраќајот, а палеа и автомобили.
Вкупно 282 лица биле уапсени низ Франција, јави АФП.
Безредија Алжирците предизвикаа и по победата над Брегот на Слоновата коска.
Comments are closed for this post.