Швајцарската репрезентација е најпријатното изненадување на Европското првенство со елиминацијата на Франција. Таа е склоп од сите националности кои играат под швајцарското знаме иако многумина сите имаат корени од Балканот, поточно од Косово, Албанија и од Македонија.
Еден од најпознатите фудбалери на Швајцарија е Харис Сеферовиќ кој е по потеко од Босна и Херцеговина. Игра за Бенфика и се надева дека ќе му се исполни сонот да игра во финалето на ЕП.
Tука е и Марио Гаврановиќ кој има 32 години и настапува за Динамо Загреб.
Сепак најголемо внимание привлекуваат Гранит Џака и Гердан Шакири. Тие се познати по „летањето орли“ симболот на „Голема Албанија“ и провокациите што ги предизвикуваа.
Тоа особено го правеа на последното светско првенство во Русија но откако ФИФА и УЕФА им се заканија со казни престанаа да провоцираат.
Тие потеккнуваат од Косово и постојано праќаат пари за нивните роднини во поранешната српска покраина.
Гранит има брат Таулант кој настапува за репрезентацијата на Албанија па нивите роднини не знааат за кого да навиваат кога тие играат еден против друг.
Comments are closed for this post.