Атрактивната албанска судијка Емануела Руста (28) привлече големо внимание кај јавноста вчера на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу белоруски Шахтјор и Марибор (0:2).

Руста на овој меч беше делегирана за четврти судија, а нејзиниот изглед повеќе се коментираше на социјалните мрежи отколку самиот натпревар.

Она што е интересно е тоа што Руста имаше богат Инстаграм профил кога се во прашање атрактивни фотографии, но со оглед на тоа дека нејзината кариера е на нагорна патека, таа го избриша. Сепак, одредени „траги“ останаа.

Својата значка на ФИФА ја доби во 2019 година, а додека не стане професионалец судела натпревари во помлади категории. Од друга страна, таа суди големи натпревари во својата татковина.