“Најк” денеска промовираше специјални копачки за Лука Модриќ по наградата за најдобар светски фудбалер која ја освои хрватскиот капитен. Копачките кои светскиот бренд за спортска опрема ги направи за фудбалерот се од моделот “меркјуриал вапор”.

Лука Модриќ вчера  беше прогласен за најдобар светски фудбалер. Претходно ја доби наградата и за најдобар фудбалер во ЕВропа како и на неодамна завршебото светско фудбалско првенство во Русија.

Голема чест и прекрасен момент е да се стои овде со овој трофеј. Ова не е само мој трофеј, туку и на моите соиграчи од Реал, и од јрватската репрезентација. Ова е и трофеј на моето семејство затоа што без нив никогаш немаше да постанам она што сум, изјави Модриќ откако ја доби наградата за најдобар светски фудбалер