Една од најубавите фудбалерки на денешницата, Ана Марија Марковиќ, хрватската репрезентативка, стана нова играчка на Хајдук од Сплит.

Фудбалерката која се појави во јавноста поради својот атрактивен изглед пораснала во Швајцарија, каде што играла за Цирих и Грасхоперс. Подоцна, патот водеше од Брага и Дамаиенсе во Португалија до Бруклин во Соединетите Американски Држави.