На крајот на сезоната се сумираат резултатите, а најуспешните често организираат и прослава на титулите. Ракометниот клуб Вардар 1961 оваа сезона ја заврши со два трофеја во домашните натпревари – освоена е двојната круна (титула и куп), а клубот имаше и успешен настап во ЕХФ Лига Европа со пласманот во четвртфиналето. „Црвено-црните“ последниот домашен натпревар сезонава ќе го играат во петок со Бутел во СЦ „Јане Сандански“, а во последното коло гостуваат кај Бутел.
Раководството на клубот донесе одлука прославата на успешната сезона да ја одржи на 23.мај – сабота.
„АД Ракометен клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап во Европа. Горди сме што овие успеси ги постигнавме пред полни сали и го привлековме вниманието на целокупната спортска јавност.
Овие успеси немаше да бидат возможни без нашите навивачи, но и нашите спонзори, партнери и пријатели. По тој повод пред извесен период ние веќе го дефиниравме датумот и ги испративме поканите за нашата прослава на која ќе присуствуваат сите играчи, членови на стручниот штаб, раководството на клубот, спонзори и ВИП личности.
Прославата ќе биде одржана на 23 Мај (сабота) со почеток во 20:30 часот, па не би можеле да присуствуваме на прославата која ќе биде организирана од страна на ФК Вардар, а на која беше најавено нашето присуство.“
На нашите колеги од ФК Вардар им ја честитаме титулата и им посакуваме успешен настап во Европа, се вели во соопштението објавено на фејсбук страната на РК Вардар 1961







Comments are closed for this post.