По победата над Астон вила со 2:1синоќа во Суперкупот на УЕФА, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја кажа следната цел на неговиот тим.

Парижаните сакаат да ја освои Лигата на шампионите трета сезона по ред.

– Нашата следна цел е да ја освоиме Лигата на шампионите  трет пат по ред. Мора да ја задржиме нашата амбиција и да веруваме во себе. Ќе биде многу тешко, но не сакаме да се опуштиме и сме решени, изјави Енрике.

ПСЖ ја започна сезоната со победа во Суперкупот на УЕФА и го одбрани трофејот освоен лани.