Eдна реплика од серијата „Жигосани во рекетот“ најдобро ја опишува состојбата во која се наоѓа Босна и Херцеговина“. „Можеби државата и не ни е нешто посебно, ама репрезентацијата ни е како бомбона“, говореа во серијата.
Токму таква навистина е Босна и Херцеговина. Држава која е полудржава полу протекторат,во која не се знае кој пие а кој плаќа, а ниту се знае кој е има власта, го постигна најголемиот спортски успех-пласман на Светското првенство во фудбал-втор пат во својата историја.

Држава за чија репрезентација не навиваат половина од жителите ниту пак ја сметаат за своја. Се славеше во Сараево и во Зеница, но не и во Мостар и Бања Лука. Таму се навива за хрватската и српската репрезентација. Стадионот на кој играа наликува на оној во Ѓорче Петров, но носи голема енергија и ги води играчите. Ако некој заслужи да се прости од репрезентацијата тоа сигурно е Един Џеко кој на 40 години ќе игра на СП.

Од Босна, не како држава, туку како репрезентација треба да учи и нашата репрезентација. Како се бори за државниот грб и оти личните суети треба да се остават на страна кога се работи за државниот грб.







Comments are closed for this post.