Македонската репрезентација се наоѓаше во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можевме да играме. За противници во новото издание на Лигата на нации ги довивме Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Шесте кола ќе се играат од септември до ноември 2026 година, додека четвртфиналињата, плејофот и финалните турнири ќе се играат во март и јуни 2027 година.