Ова што денеска ни се случува во односите со соседите е само продолжение на нивната политика која не е променета еден век. Протоколи, Договори, негирања на македонското малцинство од страна на Грција и Бугарија е веќе видена работа. Ако во денешно време Европската унија бара да признаеме бугарското малцинство, тоа во 1924 година го направило Друштвото на народи кое е претходник на Обединетите нации.
Поточно, на седницата на Советот на Друштвото е потпишаан Протокол за заштита на малцинствата во Грција и Бугарија меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Христо Калфов и Николаос Политис. Како гарант дека договорот ќе се почитува бил тогашниот Генерален секретар на Друштвото на народите Ерик Дермонд.
Бил потпишан и т.н мал протокол за иселување на македонското население од Егејска Македонија. Но, во тие протоколи никаде не се споменувало македонското население туку словенско. За Бугарија се разбира дека тоа население било бугарско. Со овој договор меѓу Грција и Бугарија била формирана и комисија. Ви звучи познато? Овој протокол никогаш не бил ратификуван од страна на грчката влада бидејќи се сметало дека е мешање во грчките внатрешни работи.

Сепак под притисок на телата на Друштвото на народите, Грција морала да издаде Абецедар наменет за македонскто малциство во северниот дел на земјтата кои биле факт што не може да го избегнат или да се прават дека не го гледаат. Абецедарот е објавен во Атина во 1925 година, на латиница, а како основа го имал битолско-леринскиот говор. Сепак овој Абецедар никогаш не стигнал до оние за кои бил наменет а тоа се учениците Македонци во градовите и селата во Грција. Во тоа време веќе стивнал и притисокот до грчките власти за образование на Македонците на мајчин јазик.

Од оргиналниот Абецедар се останати само неколку примероци. Минатата година по повод 100 години од издавањето професорките Елка Јачева Улчар , Виолета Ачкоска и Нада Јурукова издадоа книга наречена Абецедар сто години потоа.
Игор Чавески







Comments are closed for this post.