„Не можеме да допуштиме легитимација на македонизмот“, „Македонски јазик не постои“. Се противиме и на името Северна Македонија“. Ова се само дел од изјавите на идниот премиер на Бугарија. Румен Радев убедливо победи на парламентарните избори кај источниот сосед што беше и очекувано ако се знае дека за противници ги имаше партиите кои неколку години не успеваа да направат влада.

Кој е Румен Радев

Типичен бугарски националист кој сака да се претставува дека е умерен социјалист. Вака може да се опише Радев кој се откажа од претседателката функција за да стане премиер. Тој има 62 години , по професија е пилот. Го претставуваат како руска школа“ и тврд соговорник а постојат стравувања дека во ЕУ би можел да биде новиот Орбан.

И Македонија не може да се надева дека со Радев ќе има промена на политиката на Бугарија. Напротив, очекувањата се дека таа ќе станува порадикална. Како потврда на овие очекувања служат изјавите на Радев поврзани со Македонците и македонскиот јазик.

Радев во 2019 година изјави дека македонски јазик не постои во контекст на содржината на Договорот од Преспа.

Од истата година е и неговата изјава поврзана со нашиот јазик која гласеше „Не можеме да прифатиме дека постои македонски јазик“.

Радев има изјавено и дека „Не постои Северна Македонија“ поради стравување што како тогаш ќе се нарекува Пиринскиот дел.

Треба да се напомене дека Радев го постави ветото за почеток на преговорите за Македонија во 2020 година. Тогаш тој изјави: Историјата и јазикот не можат да бидат предмет на политички договори.“Со ова индиректно повтори дека Бугарија не признава посебен македонски јазик.

Со Радев на чело на Бугарија никакви очекувања не може да има ни македонското малцинство кај источниот сосед.

Бугарија не може да прифати легитимирање на македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија“, велеше Радев.

Во 2022 година Радев повторно нагласи:

Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија, но без фалсификување на историјата и јазикот.“

 Генералната позиција на Радев во врска со Македонија е дека „Македонскиот јазик е бугарски дијалект, и оти историјата ни е заедничка“.