На Косово постои петиција за промена на името во Дарданија.

  • Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија е античкото име на регионот и сметаат дека треба да се врати како официјално име на Косово – пишува во објавата.

Целта на организаторите е да соберат 10.000 потписи, кои потоа ќе ги достават до „Собранието на Република Косово“, со барање Косово повеќе да не се нарекува така.

. Тезите на албанските теоретичари е дека го добиле името Дардани од албанскиот збор за круша („дарда“)

Географските граници на античка Дарданија опфаќале многу поширока област – вклучувајќи ги Ниш во централна Србија и Скопско во Македонија.