Црна Гора се подготвува да ги усвои уставните измени кои ги согласила со Европската Унија. Сепак, ова наиде на негодување на српските пратеници во црногорскиот парламент. Тие се повикуваат на пописот во 2023 година според кој 43 посто од жителите се изјасниле дека мајчин јазик им е српскиот а само 34 црногорскиот. Сепак со измените српскиот јазик нема да биде службен јазик во Црна Гора.
Пратеникот Милан Кнежевиќ праша каков е тој документ во кој нема српски јазик како службен јазик
Од друга страна, Кнежевиќ рече дека ова „не се никакви уставни измени, туку вештерство на парламентарното мнозинство.

Овие „уставни измени“ се неговото животно дело, најантисрпскиот документ во историјата на Црна Гора. Документ во кој нема српски јазик како службен јазик, документ во кој нема тробојка како национално знаме, документ во кој нема двојно државјанство, документ во кој е химната на осудениот воен злосторник Секула Дрљевиќ рече Кнежевиќ во собранието.







Comments are closed for this post.