Бледскиот договор попознат како Спогодба Тито–Димитров)е потпишан на 1 август 1947 година во Блед, Словенија. Тој договор бил прво официјално бугарско признавање на етничките Македонци и на македонскиот јазик. Се предвидено и идно обединување на Вардарска и Пиринска Македонија (како дел од идна Балканска федерација), воведување културна автономија за Македонците во Пиринскиот крај, како и враќање на Западните покраини на Бугарија. Југославија пак се откажала од 25 милиони долари воена штета што ја должела Бугарија.

„Летото 1947 година со специјален закон, изгласан во Великото народно собрание на НР Бугарија, во училиштата во Пиринска Македонија се воведоа како училишни предмети македонскиот литературен јазик и македонската национална историја. Во истата година, по барање на НР Бугарија заминаа голем број културни и просветни работници од НР Македонија, за да ја започнат реализацијата на културно-националната автономија во Пиринска Македонија. Во есента 1947/48 година, или поточно во почетокот на месец ноември, бев вклучен како професор во Учителскиот институт во Горна Џумаја, (Благоевград). Во таа учебна година, според спогодбата на НР Бугарија и ФНР Југославија, а по барање на бугарската влада, во сите градови и поголем број пирински села беа назначени учители – професори од НР Македонија, кои предаваа македонски јазик во основните училишта и гимназиите.

Во бугарските учебници за Цар Самоил кој сега е предмет на договор меѓу Бугарија и Грција стоело дека „Самоиловата држава не припаѓа на Бугарите туку на Македонците“.