Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер планирал да ангажира адвокат за оние кои се обиделе да го убијат во Киев. Адвокатот пак за време на средбите требало да ги отруе тие што за малку ќе го ликвидираа.
Тој беше тешко ранет на крајот на мај 2020 година во Украина, во елитен дел на Киев, кога група атентатори од Црна Гора и Србија пукаа кон него на улица додека џогираше – неколку куршуми го погодија во пределот на градите, но се опорави по операцијата.
Од сигурна смрт го спасила сопругата Тамара Звитер, која, како што пишуваат тамошните медиуми, истрчала од зградата, ги застрелала напаѓачите со пиштол и ги натерала да побегнат.
Меѓу атентаторите беше и Стефан Ѓукиќ од спротиставениот Шкањарски клан.Тој стана познат на јавноста откако беше обелоденето дека има македонски пасош под името Каче Герги.
Министерот Панче Тошковски во интервуто за „Република“ најави дека ќе бидат проверени сите пасоши дадени на криминалци.
Comments are closed for this post.