Црногорскиот мафијаш Радоје Звицер, на кого беше пукано во Украина го прежиевеа атентатот. Тој на напуштил болницата во Киев и е пуштен на домашно лекување. Радоје беше водач на озогласениот Кавачки клан.

За неговиот обид за увиство беше уапсена четворочлена група од Србија и од Црна Гора.Полицијата во Украина се уште не го соооштува идентитетот на македонскиот државјанин што бил дел од оваа група платени убијци.

Тие го одредиле датумот за убиство и ја чекале жртвата пред неговата куќа.Откако испалиле пет куршуми сторителите влегле во автомобил и го напуштиле местото. Стотина метри понатаму го запалиле и автомобилот за да ги уништат доказите-соопшти украинската полиција.