Турција е земја која во последните години стана вистинска почва за балканските криминалци, а доказ за тоа се бројните убиства и апсења што се случија таму во последно време.

Taму се криеше и беше ликвидиран Јовица Вукотиќ, водач на Шкаљарскиот клан, Радоје Звицер, а во Истанбул е откриена и вила каде каде беше закопано телото на Ристe Мијановиќ.Вилата беше сопственост на  Жељко Бојаниќ кој поседува македонски пасош.

 

Турција е интересна за сите криминалци кои ја избегнуваат правдата во другите земји. Тоа се должи на географската положба, но и на тоа што многу ја олесни постапката за добивање државјанство во споредба со другите земји.