Неонацистичката „Злата Зора“  в сабота во Лерин ќе организира голем протест за време на собирот на Македонците од Грција. Во хотелот „ Аминтаио“ ќе се случува настан организиран од Македонскиот клуб каде е предвидена и музичка содржина со македонски песни.

Фото Пресинг ТВ

Тоа не им се допаднало на националистите од „Златна Зора и затоа ќе протестираат пред хотелот. Тие сметаат дека под плаштот на еден настан од културата намерата е да се докаже постоење на македонски јазик, иденититет и малцинство. Собирот се организира под името „Протест против антигрчката пропаганда.“

„Затоа Златна Зора ги повикува сите грчки патриоти во сабота во 18 часот пред хотелот Панорама во Лерин на протест против анти-грчките позиции на скопјаните и нивните агенти.Узурпаторите на нашата историја нема да останат без одговор- стои во повикот на „Златна Зора“

„Златна Зора“, која е позната по своите антимакедонски ставови е трета политичка сила во Грција и во Парламентот има 18 пратеници. Не се исклучува можноста на следните избори да бидат дел од новата власт.