Некоја зла крв има влезено во семејството Вукотиќ.Пред Јован, во 2019 година во населбата Доброта во Котор беше ликвидиран неговиот татко Веселин Веско Вукотиќ (69).

Се верува дека е убиен од одмазда бидејќи Јован и Игор Вукотиќ биле етикетирани како  водачи на криминална група. Непознат напаѓач со капа на главата му пришол на Вукотиќ пред семејните станови во Доброта и испукал неколку куршуми кон него, по што побегнал.

На местото на настанот имало повеќе видео камери, а една од нив го снимила непосредниот сторител на делото како седи на ѕид и чека. Тој чекал долго, а кога таткото на Јован дошол да му го паркира автомобилот, му пришол и пукал во него.